Небесен базен распнат меѓу висококатници само за најхрабрите, но и за оние со длабок џеб

Необичната атракција во лондонскиот резидентен кварт Најн Елмс е лебдење во проѕирна акрилна структура обесена 35 метри над улица. Искуството е навистина уникатно бидејќи луѓето се чувствуваат како да лебдат во воздухот над центарот на Лондон.

Небесен базен со стаклено дно, направен во стил на аквариум со должина од 25 метри, се простира помеѓу десеттите катови на две станбени висококатници во лондонскиот кварт Најн Елмс.

Само среќните жители на двете луксузни згради ќе можат да го користат таканаречениот Sky Pool. Тие уживаат во погледот на центарот на градот додека висат меѓу две висококатници од по 10 ката. Базенот е дел од нивиот резидентен комплекс  „Ембаси Гарденс“, каде што еден стан може да чини до 6 милиони долари.

Необичната атракција е лебдење во проѕирна акрилна структура обесена 35 метри над улицата во Лондон.

Sky Pool е прв базен во светот што лебди во воздух. Тој беше отворен на 19 мај.

Длабок е три метри и тежи околу 375 тони.

Oвa e најголем самостоeчка структура на базен во светот и претставува нов проект на луксузниот резидентен комплекс Embassy Gardens, во кој има и барови, ресторани и продавници.

Сместен е покрај американската амбасада близу јужниот брег на Темза. Оние среќници кои го користат небесниот базен имаат прекрасен поглед на главниот град. Можат да ја набљудуваат лондонската панорама, вклучувајќи ги London Eye и Westminster.

Пристап до небесниот базен имаат само жителите на двете луксузни згради и нивните гости.

Related posts

Џеј Ло, Хер, „Фу фајтерс“ ќе настапат на хуманитарен концерт за финансирање вакцини против Ковид-19

CityLife

Роденден без принцот Филип: Кралицата Елизабета наполни 95 години

CityLife

Патрик Демпси открива детали за продолжението на „Маѓепсани“

CityLife