Најлесната чанта од тврд материјал досега

Gh71gq0w4aaksup.jpg

На Неделата на модата во Париз, компанијата „Коперни“ ја претстави својата нова чанта „Ер свајп“ (Air Swipe), објави „Индепендент“. Ова е најголемиот предмет досега направен од наноматеријалот „силика-аерогел“ на НАСА, познат како „најлесниот цврст материјал“ на планетата Земја.

Овој деликатен наноматеријал е развиен од професорот Јоанис Михалудис. Се состои oд 99 насто воздух и еден отсто стакло. Чантата тежи 33 грама и има димензии: 27 x 16 x 6 сантиметри.

Инаку, во науката, НАСА го користи „силика-аерогелот“, на пример, и за земање примероци од ѕвездена прашина.

Related posts

Иса Реј во етерично издание на виртуелен црвен тепих

CityLife

Лушпите од јајца може да го вртат сјајој на вашите орхидеи

CityLife

Експерт по кинеска медицина откри колку често треба да имате секс во зависност од возраста

CityLife