Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје

Picture 915 660x487 1.jpg

Од денеска до недела во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Саемот на мебел, на кој ќе се претстават над 70 домашни и меѓународни брендови. Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел. Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност да добие бесплатен, професионален совет, затоа што архитектонското студио Archx ќе биде дел од Саемот и нивните архитекти на посетителите ќе им дадат соодветни решенија за опремување и дизајн на домот, ќе споделат совети за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со идеални димензии, најавуваат организаторите. Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10 до 17 часот. Влезницата ќе чини 150 денари или 250 денари за двајца.

Related posts

Сателитот ЕРС-2 денеска паѓа на Земјата, можно е да се види и од Македонија

CityLife

Ако постојано ви се јаде благо, телото ви испраќа сериозен сигнал за тревога

CityLife

Џеј Ло позира со полицајци на снимањето на ново музичко видео

CityLife