Мјузиклот за принцезата Дијана првин на „Нетфликс“, а потоа на Бродвеј

20210331 Princessdianaandprincecharles Reuters.jpg

Новиот мјузикл за принцезата Дијана ќе има премиера на „Нетфликс“ пред планираното отворање на Бродвеј во декември, соопштија продуцентите во вторникот во иновативен потег за промовирање на проектот.

Во едно од првите бродвејски шоуа со цврста најава за датум на премиера по прекинот од една година среде пандемија, соопштено е дека Diana: The Musical ќе ја отвори вечерта на сцена на 16 декември.

Но, пред тоа, ќе биде објавен на „Нетфликс“ на 1 октомври, изјавија продуцентите, во она што се смета за прв ваков аранжман за нова сценска претстава.

„Шансата да ја споделиме нашата претстава, првин со глобалната публика на ‘Нетфликс’, а потоа да ја пречекаме публиката во живо на Бродвеј, е нешто за што сите сонувавме повеќе од една година“, велат продуцентите во соопштението.

Театрите на Бродвеј се затворија во средината на март 2020 година поради пандемијата. Затворањето сега официјално се протега до јуни 2021 година, но театарската заедница во Њујорк очекува мјузиклите и претставите во живо да се вратат во септември.

Според светските шоубиз-медиуми, премиерата на мјузиклот „Дијана“ на стриминг-платформа пред да дебитира на Бродвеј е досега невиден потег за забавната индустрија, која тешко се справува со пандемијата.

Ова е првпат во историјата бродвејска претстава да оди директно на малите екрани пред да има театарско деби.

Related posts

Изобилуваат со пестициди: Еве листа на најтоксично овошје и зеленчук!

CityLife

Викторија Бекам моќна и женствена во црн класичен костум

CityLife

„Годзила против Конг“ на врвот на боксофисот со најголема заработка од почеткот на пандемијата

CityLife