Метју Меконахи сериозно размислува за политичка кариера

Холивудскиот актер претходно навестуваше дека ми можел да гради кариера во политиката а сега потврди дека сериозно размислува за таквата идеја и верува дека следното поглавје од својот живот ќе биде „во некаква лидерска улога“.

“Не се шегувам во врска со тоа. Размислувам за ново поглавје во мојот живот. Јас всушност се гледам себеси во некоја лидерска улога,“ рече 39-годишниот Метју во онлајн интервју за „Си-ен-би-си“.

Авторот на „Гринлајтс“ додаде дека ќе донесе одлука што е најдобра за него и неговото семејство – вклучувајќи ја сопругата Камила Алвеш и нивните три деца, 12-годишниот син Леви, 11-годишната ќерка Вида и осумгодишниот син Ливингстон.

Метју, исто така, говореше за влијанието што го има пандемијата на Ковид-19 врз заедниците ширум светот. Тој се надева дека луѓето ќе продолжат да согледуваат што е важно откако ќе се смири здравствената криза.

Related posts

Пирс Морган тврди дека членови на кралското семејство му се заблагодариле по критиките кон Меган

CityLife

Кајли Џенер донира 500,000 долари за болнички салон за тинејџери со карцином

CityLife

(Видео) Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн во „Ледениот пат“

CityLife