Легендарниот Шекил О’Нил доаѓа во Хрватска: Ќе настапи на фестивалот „Форестленд“

Shekil Onil.jpg

НБА легендата Шекил О’Нил, кој настапува под името диџеј Дизел, по минатогодишниот настап во Крк се враќа во Хрватска. Тој ќе настапи на фестивалот „Форстленд“ кој се одржува од 19 до 21 јули во Мали Михаљевац.

Четирикратниот победник на НБА лигата постигна голем успех и на музичкото поле.

Со музика се занимава од својата 14-та година, а неговиот деби албум продаден во милион примероци, што потоа го донесе на 25-то место на листата на Билборд 100.

Интересна е забелешката дека О’Нил е единствениот спортист во историјата со платинест албум.

Related posts

Три намирници за долговечност

CityLife

Прво Скопје Бар Шоу и 15. Државно првенство на бармени

CityLife

Кајли Џенер горда на својата тригодишна ќерка Сторми

CityLife