Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

20240215164718 Big 730x400 53.webp.webp

Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6.962 метри.

Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Србија вчера попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница.

– Горди сме што експедицијата ја оствари крајната цел и го развиори македонското знаме на највисокиот врв на јужната земјина полутопка. Искачувањето поминало според зацртаниот план, по карпест терен и без многу снег, со минусни температури иако таму е лето, а на врвот ги дочекал убав сончев ден. Тоа што на многу други планинари досега не им успеало и се откажале од искачување, нашите момци го исполнија и им честитаме на успехот – истакна Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.

Подготовките за реализирање на експедицијата во Јужна Америка, нашите планинари ги направиле во изминатите неколку месеци на домашни врвови, а поддршка им обезбедија матичните планинарски клубови и локалниот бизнис сектор.

Планинарот Николов минатата година беше дел и од експедицијата која за пет дена се искачи на петте највисоки врвови во Италија, Швајцарија и Словенија.

Related posts

Кралот Чарлс проговори откако беше соопштено дека принцезата од Велс има рак: „Горд сум на Кејт за нејзината храброст“

CityLife

Во Пекинг вторпат годинава се одржуваат Светските игри меѓу хуманоидни роботи

CityLife

Таткото на Бритни Спирс бара истрага за нејзините тврдења за злоупотреба

CityLife