Македонките се мажат најмлади во регионот

Makedonki 402805.jpg

Девојките во Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која девојките во Македонија одлучуваат да се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години. Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30 годишна возраст. Забележлива е разликата во западна и во источна Европа, колку се оди позапад, толку е поголема просечната возраст. Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојите во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години. Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година. „Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека тие подоцна влегуваат во врска или основаат семејство. Ако се погледне картата на уделот на раѓања надвор од брак, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.

Related posts

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

CityLife

Човечкото тело има уште еден орган

CityLife

Дали навистина постои разлика помеѓу фактор 30 и фактор 50?

CityLife