Кралицата одобри забрана Меган Маркл да позајмува кралски накит

Војвотката од Сасекс во иднина не смее да носи ниту едно парче накит од кралската колекција, па дури и од накитот на покојната мајка на својот сопруг.

Британската кралица Елизабета Втора, наводно, ѝ забранува на Меган Маркл да носи некое од историските парчиња како што се дијамантски ѓердани, брошеви и дијадеми.

Забраната ја поддржал и принцот Вилијам, пренесува „Сан“.

Меѓу непроценливите предмети е тијара на кралицата Мери, која може да се носи и како ѓердан, а е направена за кралицата Мери во 1919 година.

Колекцијата вклучува и накит што ги носеше покојната свекрва на Меган, принцезата Дијана.

 

 

 

Related posts

Компанија од Јужна Кореја на своите вработени им плаќа по 70 илјади евра за секое новородено дете

CityLife

Луѓето со одредени крвни групи полесно се справуваат од маснотиите

CityLife

(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе биде достапна и во Азија на 27 мај

CityLife