Компанија од Јужна Кореја на своите вработени им плаќа по 70 илјади евра за секое новородено дете

Juzna Koreja Zene Majka Deca.webp.webp

Градежна компанија од Јужна Кореја нуди 70 илјади евра за раѓање на дете на своите вработени. Се надеваат дека со ова ќе се реши проблемот со падот на наталитетот во земјава.

Од 2021 година, компанијата потрошила 4,8 милиони евра заа 70 бебиња, пари кои им биле дадени на нејзините вработени, објави Чосун Дејли. Вработените од двата пола имаат право на парите.

На вработените со три деца им се нуди и сума од 208 илјади евра или трајна кирија за стан од 85 квадрати.

„Ако наталитетот во Кореја остане низок, земјата ќе се соочи со криза на исчезнување за 20 години. Нискиот наталитет е резултат на финансиските оптоварувања и тешкотиите во балансирањето на работата и семејниот живот, па затоа решивме да преземеме таква драстична мерка “, рече основачот на компанијата Бујонг Ли Јонг-кеун.

Кореа тајмс известува дека Јужна Кореја се соочува со алармантно ниски стапки на фертилитет со проектиран пад на населението што не е забележан од 1970-тите.

Во 2022 година, нацијата забележа најниска стапка на плодност во светот од 78%, што се очекува да падне на 65% до 2025 година.

Related posts

Стримувани филмови ќе може да се натпреваруваат за „Оскар“ и следната година

CityLife

Шестото продолжение на „Притаено зло“ ќе пристигне во ноември

CityLife

„Колдплеј“ го пушти новиот сингл Higher Power во вселената

CityLife