Кое кралско семејство има најскапа колекција дијадеми во светот?

Првото место го делат две кралски династии.

Блескаат со дијаманти, украсени со бисери и со обоени скапоцени камења, можеби нема ништо поблиску поврзано со кралско семејство од тијарата.

Носени од кралските невести на денот на нивната венчавка, а потоа на свечени настани, тие често се богати со историја и симболика. Нив ги поседуваат кралските куќи на Европа – но кој од нив ја има најскапата колекција?

Според money.co.uk, кои истражувале колку ќе чини секое кралско семејство да ги осигура своите дијадеми, монархиите на Велика Британија и Холандија се горе на врвот, со колекции на дијадеми во вредност од околу 17, 000, 000 фунти секоја.

Колекцијата на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора вклучува свадбени дијадеми што ги носат последните три кралски невести, принцезата Беатрис, принцезата Евгени и војвотката од Сасекс. Многу дијадеми на кралицата биле наследени преку нејзината баба по татко, кралицата Мери.

Додека пресметките на money.co.uk ги земаат предвид само трите неодамна ставени свадбени дијадеми, најскапиот накит на кралицата е наводно ориенталната кружна тијара, чија вредност е проценета на нешто помалку од 6 милиони фунти. Таа била дизајнерирана за кралицата Викторија од принцот Алберт, а кралицата Елизабета Втора ја носела само во една прилика.

Принцезата Софија од Шведска ја носи тијарата Палмете

 

Кралицата Беатрис од Холандија ја носи тијарата Вутемберг

 

Принцезата Мери од Данска, со свадбена тијара

Related posts

Негувателки, секретарки и учителки главни „женски“ професии во ЕУ

CityLife

Зошто реагираме бурно кога не сме наспани?

CityLife

Исклучен четбот откако почнал да пцуе, нарекувајќи се себеси бескорисен и да ја критикува ја компанијата

CityLife