Клои Кардашијан тешко се справува со притискот да изгледа совршено

Клои Кардашијан смета дека притисокот да изгледа совршено е преголем за да го издржи.

Ѕвездата на реалити-серијата „Дружење со семејството Кардашијан“ им објасни на фановите зошто нејзиниот тим реагираше на навидум нефилтрирана фотографија од неа, откако беше споделена без нејзина согласност, и се сеќава на тоа како цел живот се борела со имиџот на телото бидејќи ја споредувале со нејзините сестри, најчесто со негативни коментари.

Покрај кусото видео во кое позира за своите следачи на Инстаграм, таа напиша: „Ова сум јас и моето тело неретуширани и нефилтрирани. Фотографијата што беше објавена оваа недела е убава. Но, како некој што цел живот вложувал напор за својот изглед, а ќе ве фотографираат во лошо осветлување или нема да ви го доловат телото какво што е… и потоа некој таа фотографија ќе ја сподели со светот без ваша согласност…ги имате сите права да побарате да не се споделува – без оглед на тоа кој сте.“

„За волја на вистината, постојаното исмевање и притискот да бидам совршена и да исполнувам туѓи стандарди за тоа како треба да изгледам беше премногу голем за да го поднесам“, напиша таа и почна да цитира коментари кои ги слушала цел живот: „Клои е дебелата сестра“. „Клои е грдата сестра“. „Нејзиниот татко не е вистински татко затоа што изгледа многу поразлично“. „Единствен начин со кој успеала да изгуби тежина сигурно бил операција“.

„Да продолжам?” вели таа и додава: „Но кому му е гајле како се чувствува Клои затоа што пораснала во привилегиран живот. Таа е исто така на реално шоу, па самата се пријави за сето тоа.“

И на крајот на емотивната објава, 36-годишната Клои порачува: „Секако дека не барам сочувство, но барам да ми биде признато дека сум човек“.

Related posts

Јода ја напушти зградата на Лукасфилм во Сингапур

CityLife

Денеска е Меѓународен ден на среќата

CityLife

Тофер Грејс потврди дека станал татко по вторпат

CityLife