Клои Кардашијан се обидува да отстрани нефилтрирана фотографија објавена на социјалните мрежи

NewFile 2.jpg

Како член на едно од најпознатите и најгламурозни семејства на планетава, Клои Кардашијан ретко се фотографира за да изгледа не помалку од милион долари, коментираат шоубиз медиумите

ТВ-ѕвездата и инфлуенсерка на социјалните мрежи и нејзиниот тим обично знаат да создадат невозможно совршена фотографија.

Но, откако нефилтрирана фотографија беше споделена на социјалните мрежи „по грешка“, тимот сака истата да биде избришана.

Тие побараа од платформите на социјалните мрежи да ја отстранат, иако нивните напори ги поттикнаа другите да ја објават повторно.

Спорната фотографија со природен изглед ја покажува 36-годишната Клои покрај базен во бикини. Нејзиниот имиџ во голема мера се разликува од која било од претходните лични кампањи на Кардашијанови за нивните различни брендови.

Набргу откако се појави во разни форуми на интернет, тимот за односи со јавноста на Кардашијан соопшти дека објавувањето на фотографијата претставува повреда на авторски права бидејќи тоа било сторено без нејзина дозвола.

Related posts

Древна историја: Шерон Стоун за фамозната сцена во „Ниски страсти“

CityLife

Комбинација од јогурт и куркума за варење и имунитет

CityLife

Стоматологот може да открие дали имате дијабетес

CityLife