Ким Кардашијан сподели нов семеен портрет без Канје

20210608 Kimandkids Ig.jpg

Ким Кардашијан Вест на својот Инстаграм-профил сподели нова црно-бела фотографија семеен портрет без нејзиниот сопруг Канје Вест.

На фотографијата, дел од професионална фотосесија на ѕвездата на Keeping Up with the Kardashians, таа позира со своите четири деца.

Ким може да се види како го држи синот Псалм, кој е роден во мај 2019 година, седумгодишната Норт, тригодишната Чикаго и петгодишната Сеинт. Објавата ја наслови: „Детска љубов“.

Извори блиски до Ким и раперот открија дека иако се разведуваат, нивниот меѓусебен однос е многу добар.

Related posts

Цела библиотека на Дарвин оди на интернет

CityLife

Индијанците загрижени дека принцот Хари и Меган наводнуваат градини со вода што ја сметаат за света

CityLife

Од 2030 година ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во рестораните

CityLife