Ким Кардашијан Вест го гаси својот бренд „ККВ бјути“

Ким Кардашијан Вест најави дека привремено ќе ја затвори веб-продавницата на својот бренд за убавина,  KKW Beauty.

Реалити-sвездата (40) им порача на фановите да се збогуваат со палетата козметички производи на „ККВ бјути“  – кој го основаше во 2017 година – бидејќи планира да ја започне линијата како целосно нов бренд во текот на следните месеци.

Во објавата споделена на нејзините профили на социјалните мрежи, таа напиша: „До нашите верни клиенти, сè започна со контурен комплет и се прошири на очи, усни, тело и многу неверојатни колекции во текот на изминатите четири години.“

„На 1 август на полноќ ќе ја затвориме страницата KKWBeauty.com за да можеме да ви се вратиме под целосно нов бренд со нови формули кои се помодерни, иновативни.“

Според најавата, Ким сака да развива производи со иновативни формули, додека пакувањето би било пософистицирано и одржливо. Иако затворањето на компанијата е на само неколку недели, продажбата на акции започна во средата, што значи дека зависниците од убавина конечно ќе дојдат на свое, коментираат таблоидите.

Related posts

Речиси целиот свет е на работ на демографска катастрофа

CityLife

Патики на Каније Вест продадени за рекордни 1,8 милиони долари

CityLife

Студија: Арктикот би можел да доживее денови „без мраз“ во следните неколку години

CityLife