Картиците ќе бидат минато: Доволно е само да се застане пред банкоматите

Поради пандемијата на коронавирусот, банките забележаа значителен пад на побарувачката за готовина – во просек 20 проценти.

Во Германија, некои поради тоа исклучија дел од банкоматите од употреба. Намалена е и побарувачката за потрошувачки кредити, како и незаконските пречекорувања на тековните сметки. Парите се трошат внимателно.

Иако хартиените пари сè повеќе се заменуваат со картички и мобилни дигитални пари, за многумина дури и денес, животот без готовина е незамислив. Во блиска иднина, наместо допирање или вметнување на картичката во банкомат, ќе биде доволно само да се погледне во банкоматот за да се подигне готовина, пишува ХРТ, а пренесува Бизнис весник.

Такви банкомати веќе се користат во светот, пред се во Кина, каде пред десет години беше поставен банкомат со поддршка за препознавање на ликот како начин за проверка на корисникот. Истата технологија почна да се применува и во Шпанија.

Банкоматите имаат безбедносни опции кои спречуваат измами и употреба на фотографии, видеа или маски за потврда на идентитетот. Сè што треба да направи корисникот е да го внесе својот единствен идентификациски број и да застане пред камерата која поддржува технологија за препознавање ликови. Како предност на овој начин на користење банкомати без картички, се потенцира безбедноста бидејќи картичките можат да бидат украдени.

Related posts

Луѓе со бенки на овие 12 места се родени за богатство и успех!

CityLife

Не претерувајте со прашања, првите училишни денови треба да бидат опуштени за децата

CityLife

Добил 24 милиони евра на лото, а не ги побарал

CityLife