„Земја на номади“ освои Оскар за најдобар филм

„Земја на номади“ е прогласен за најдобар филм, додека неговата sвезда Франсис Мекдорманд победи во категоријата главна актерка на синоќешната церемонија на доделување „Оскари“, во ноќта на неколку премиери и враќање на холивудскиот гламур по долгото затишје.

На големо изненадување на познавачите на седмата уметност, Британецот Ентони Хопкинс го освои трофејот најдобар актер за улогата во филмот „Татко“ каде глуми човек кој се бори со деменција.

Како што коментираат светски медиуми, оваа награда се очекуваше да му припадне на покојниот Чадвик Боузман, кој беше посмртно номиниран за „Оскар“ за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“ и важеше за голем фаворит.

Кинеската режисерка Клои Жао е прогласена за најдобра режисерка за „Земја на номади“ со што стана првата Азијка и втора жена која некогаш се закитила со ваков трофеј.

Од десетте номинации, „Менк“ освои само два Оскара, за кинематографија и сценографија. „Уште една тура“ од Данска е најдобар странски филм, а „Мојот учител – октопод“ од Јужна Африка е прогласен за најдобар документарец.

Related posts

Лејди Гага задоволна од апсењето на крадците на нејзините кучиња

CityLife

Седум рани симптоми на мултиплекс склероза

CityLife

Пријанка Чопра Џонас ѝ помога на Индија во борбата против Ковид-19

CityLife