За Мајкл Даглас мислеле дека е дедо на неговата ќерка матурантка

20210611 Actor Reuters 1.jpg

76-годишната холивудска sвезда Мајкл Даглас се отвори за една незгодна средба со добронамерник на виртуелна матура на неговата ќерка Керис (18) – помладата од двете деца со сопругата Кетрин Зета-Џонс.

Говорејќи во емисијата на Кели Кларксон, The Kelly Clarkson Show, Мајкл рече: „Беше убаво. Тоа беше виртуелна матура. Не можевме всушност да бидеме во иста просторија во која беше таа поради заштита од Ковид и сето тоа.“

„Беше прекрасно и ние сме многу горди на неа, но морам да ти кажам, Кели, малку е незгодно кога ќе излезеш надвор во ходник, а другите родители ќе речат: Честитки … ти мора да си горд на својата внука “.

Sвездата на „Фатална привлечност“ додаде: „Јас не го сфаќам тоа лично. Тие само се обидуваат да бидат фини.“

Related posts

Поранешниот дом на кралицата и принцот Филип во Малта ќе стане музеј

CityLife

(ВИДЕО) Почина човекот кој по заразување со Полио живееше 70 години во машина што дишеше наместо него

CityLife

Почна снимањето на „Џон Вик 4“

CityLife