Зак Снајдер работи на нов научно-фантастичен филм

20210707 zack reuters.jpg

Зак Снајдер работи на научно-фантастичниот филм Rebel Moon („Бунтовна месечина“) за „Нетфликс“.

55-годишниот режисер, чиј најнов филм „Армијата на мртвите“ започна да се емитува на стриминг-платформата, го пренасочи своето внимание кон новиот проект за кој се надева дека може да прерасне во голема франшиза.

Како што открива „Холивуд репортер“, тој го пишува сценариото заедно со ко-сценаристот на „Армија на мртвите“ Шеј Хатен, како и со ко-сценаристот на „300“ Курт Стонстад.

Приказната ќе ги следи настаните во мирна колонија на работ на галаксијата, која ќе биде загрозена од војските на тиранинот Балисариј.Една млада жена со мистериозно минато потоа е испратена да најде помош во блиските планети.

Во изјава за „Холивуд репортер“, Снајдер вели: „Ова сум јас додека растев како фан на Акира Куросава, фан на „Војна на ѕвездите“.

„Тоа е мојата љубов кон научната фантастика и џиновската авантура. Се надевам дека ова ќе стане голем серијал и универзум што може да се гради”.

Related posts

Де Армас во врска со Пол Букадакис откако Бен се смири со Џенифер

CityLife

Џенифер Анистон станува мајка на 52 години

CityLife

Синот на Тончи Хуљиќ во врска со Јелена Розга – помлад е од неа 11 години

CityLife