Жителите на ЕУ релативно задоволни од животот, најнезадоволни Бугарите

77.jpg

Граѓаните на ЕУ дале просечна оценка од 7,1 од максимално можните 10 за своето севкупно задоволство од животот, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во 18 од вкупно 27-те земји членки на ЕУ оценката за степенот на задоволство од животот е над просекот во Унијата, а само во девет држави е под него. 

Во 26 земји оценката за задоволството е над 6, што значи дека најголемиот дел од жителите на ЕУ се задоволни од животот. Исклучок од ова се само жителите на Бугарија, кои единствени меѓу европските граѓани дале просечна оценка од 5,6 за тоа колку се задоволни од животот, односно под 6, што се смета за гранична вредност меѓу задоволството и незадоволството. 

Највисока оценка за степенот на задоволството дале жителите на Австрија од 7,9, пред Финците, Полјаците и Романците со по 7,7 и на граѓаните Белгија и Холандија со по 7,6. На самото дно на листата, пред Бугарите се жителите на Германија со 6,5 и на Грција со 6,7. 

Како што наведува Евростат, задоволството од животот може да биде под влијание на многу фактори, како што се возраста, нивото на образование, семејната и финансиската состојба, како и различните искуства, избори, приоритети и вредности на поединецот. 

Related posts

Ник Кенон станa татко по седми пат

CityLife

Бил Гејтс пред 20 години имал афера со вработена, наводно, поради тоа го напуштил „Мајкрософт“

CityLife

Што открива за вас страната на креветот на која спиете

CityLife