Еј-би-си наплаќа 2 милиони долари за реклама од 30 секунди на „Оскарите“

6050375be8d73 2.jpg

Изминатава година публиката на церемонијалните доделувања награди драстично се намалува среде пандемија на коронавирус, и како резултат на ова, „Греми“ и „Златните глобуси“ покажаа понизни рејтинзи.

И покрај очигледниот недостиг на интерес од гледачите, Еј-би-си наводно бара 2 милиони долари за да емитува реклама од 30 секунди на овогодишните „Оскари“, објави „Варајети“.

Најголемата филмска вечер обично носи многу пари од реклами, имајќи предвид дека „Оскарите“ во 2020 година заработија речиси 130 милиони долари, додава порталот.

Извори запознаени со ситуацијата потврдија за „Варајети“ дека Еј-би-си, мрежата што ги емитува 93-те Оскари, наплатува приближно 2 милиони долари за рекламен спот од 30 секунди.

Related posts

(ВИДЕО) Осамна видео од Цеца и Аркан каде тој зборува дека е жив!

CityLife

Северина сподели егзотична фотографија во костим за капење

CityLife

Филмот „Ослободување на Скопје“ продаден во Кина

CityLife