Емилио, најстариот маж на светот: Имам само 112 години

Најстариот човек на светот има 112 години и живее во Порто Рико, објавија од Гинисовата книга на рекорди.

Емилио „Дон Мило“ Флорес Маркез е роден на 8 август 1908 година во Каролина, Порторико

„Флорес Маркез е роден на 8-ми август во 8-та година на 20-тиот век,“ рече Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекорди.

Како втор најстар од 11 деца, Флорес Маркез од рана возраст работел на фарма со шеќерна трска на неговиот татко. Тој бил одговорен за наводнување и утовар на шеќерната трска во вагоните за транспорт. Како првороден син на неговото семејство, тој исто така беше задолжен за домаќинството и им помагал на браќата и сестрите.

„Јас бев најстариот, затоа правев сè. Чистев, се грижев за браќата и за сè друго што беше потребно,“ рече Флорес Маркез.

Related posts

Анџелина Џоли повторно „уловена“ како влегува во зградата на првиот сопруг

CityLife

Префинет гламур на црвениот тепих на „Оскарите“

CityLife

Синди Крафорд едноставно прекрасна зад сцена на фотосесија

CityLife