Ед Ширан пишува песна за следниот албум на „БТС“

20210629 Ed Bts Igfb.jpg

Британскиот музичар Ед Ширан пишува песна за новиот албум на јужнокорејскиот поп бенд „БТС“.

Тој и претходно соработуваше со седумчлениот бенд за синглот Make It Right од нивниот албум Map of the Soul: 7 од 2020 година, а сега на пат е нова нумера за хитмејкерите на „Динамит“.

Говорејќи во емисијата Most Requested Live, мегаsвездата (30) рече: „Јас всушност работев со БТС на нивниот последен запис, и штотуку напишав песна за нивниот нов запис.“

„А тие се супер, супер кул момци,“ додаде тој.

Во август 2020 година, „Динамит“, мегахитот на јужнокорејскиот септет, го урна рекордот на Јутјуб со над 100 милиони прегледи во првите 24 часа од објавувањето. „Динамит“, целосно отпеана на англиски јазик, е првата песна во историјата на Јутјуб со 101,1 милиони прегледи во еден ден.

Related posts

Излегуваат банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс

CityLife

Зошто јаболковиот оцет е толку посебен

CityLife

Украинката која беше избрана за Мис Јапонија се откажа од титулата поради афера со оженет маж

CityLife