Евровизија ќе го тестира Дамијано за дрога

Евровизија ќе го тестира за дрога пејачот Дамијано – фронтмен на победничкиот рок бенд „Манескин“ од Италија.

Организаторите на Евровизија (ЕБУ) истакнаа дека се свесни за шпекулациите околу видео клипот со победниците од Италија во бекстејџот, синоќа.

Групата негира дека користеле дрога, а пејачот ќе направи доброволен тест кога ќе се врати дома.

„Тестирање беше побарано од нив уште синоќа, но не можеше да се спроведе веднаш. Групата, нивниот менаџер и шефот на делегација нѐ информираа дека во Зелената соба немало дрога и објаснија дека била скршена чаша на нивната маса и дека пејачот ја исчистил. ЕБУ може да потврди дека скршена чаша била најдена при проверка на нивната маса. Сѐ уште ја гледаме снимката внимателно и ќе ве информираме со нови информации во догледно време“, рекоа организаторите.

Победничкиот бенд во реакција на социјалните мрежи наведе дека се против дрога и не користеле кокаин никогаш.

„Подготвени сме да се тестираме, зашто нема што да криеме“, напиша групата.

Прашан дали консумирал дрога додека течело гласањето, Дамијано одговори дека гледал надолу затоа што гитаристот скршил чаша.

Related posts

Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

CityLife

Не очекува соларна олуја: Можен прекин на телекомуникациите, ќе има и појава на поларна светлина

CityLife

Диетата 5:2 има се повеќе следбеници. Еве што мисли за неа нутриционист

CityLife