Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Cevahir Mall 2.jpeg

Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот.

Турскиот бренд за детска облека „Панчо“, водечкиот турски бренд за мажи „Луфиан“, првиот изложбен салон за автомобили на „Гили“, хипермаркетот Кит-Го, Синсеј, ДеФакто, ДМ, Сара Фешн, Просветно дело, Playground игротека за најмладите, Франк Урбан кафе и Бабилон кафе се дел од брендовите коишто Џевахир Мол Скопје ќе ги понуди за посетителите.

Џевахир Мол ќе биде домаќин и на првата „Concept Room“ галерија во трговски центар, простор наменет за творење и изложбена галерија за локалните уметници.  

Related posts

Прекинато лансирањето на „Сојуз“ ракетата

CityLife

Истражување: Галењето со куче води кон помал стрес и поголема концентрација кај човекот

CityLife

Над 70 домашни и меѓународни брендови ќе се претстават на Саемот на мебел во Скопје

CityLife