Двејн Џонсон: Децата ме прашуваа дали сум девојче

The rock 21 things ecac6818 b25d 48d5 b9c8 baafa6e305d1 800x533.jpg

Омилениот холивудски актер Двејн Џонсон откри дека во младоста децата честопати го прашувале дали е девојче.

49-годишниот актер и поранешен професионален борач познат по прекарот The Rock (Kарпа), изјави дека имал меки црти и мека афро коса кога бил дете, што често било причина децата во училиште да го прашуваат дали е момче или девојче.

Таткото на Двејн, Роки Џонсон, исто така бил професионален борач и семејството морашло многу да патува поради неговата работа. Како резултат на ова, Двејн постојано менувал училишта и при тоа, се обидувал да стекне нови пријатели.

Потсетувајќи на една случка кога почнал да оди во ново училиште, Двејн за „Сандеј тудеј“ изјави: „Седнав покрај едно дете и во рок од 60 секунди, тој рече: Може ли да те прашам нешто? Дали си момче или девојче?“

„Би рекол на возраст од 7 до 11 години, луѓето мислеа дека сум девојче затоа што имав навистина меки црти и многу мека афро коса.“

Холивудската ѕвезда исто така зборуваше за своите претседателски амбиции кога се појави во „Сандеј тудеј“ и рече дека би можел да се кандидира за оваа позиција доколку луѓето го сакаат тоа.

Related posts

Германски поштар не доставил пошта четири години, дома чувал 30.000 пратки

CityLife

На аеродромот во Франкфурт возило за кетеринг удрило во авион

CityLife

4 најопасни датуми во јануари 2025 година! Следат измами, кавги и тешки загуби – внимавајте

CityLife