„Гугл“ најави нови отпуштања во 2024 година, сака да ги пренасочи парите за развој на Al

Google.webp.webp

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Гугл“ Сундар Пичаи во писмо до вработените најави нови отпуштања во компанијата бидејќи „Гугл“ сака да ги пренасочи инвестициите во други области како што е развојот на вештачката интелигенција.

Во писмото со наслов „Приоритети за 2024 година и годината што претстои“, Пичаи нагласи дека Гугл има амбициозни цели и сака да инвестира во своите главни приоритети, но дека мора да направи „тешки избори“ за да ослободи средства за инвестиции.

Во некои тимови на компанијата, позициите ќе бидат елиминирани со цел да се „поедностави и забрза“ извршувањето на задачите, се додава во писмото.

„Гугл“ започна долга серија отпуштања уште во јануари 2023 година кога компанијата објави дека ќе укине 12.000 работни места или приближно шест отсто од тогашната работна сила, а на почетокот на 2024 година веќе отпушти неколку стотици луѓе.

Related posts

„Спајс грлс“ со нова песна ќе ја прослават 25-годишнината од првиот сингл

CityLife

Во Ријад ќе се гради највисоката зграда во светот

CityLife

Сина лагуна, најопасното езеро во Британија

CityLife