„Спајс грлс“ со нова песна ќе ја прослават 25-годишнината од првиот сингл

20210615 spicegirls reuters 0.jpg

„Спајс грлс“ ја издаваат својата прва нова песна од 2007 година за да ја прослават 25-годишнината од нивниот деби сингл Wannabe.

Женскиот поп бенд го одбележува специјалниот датум со претставување на Wannabe25 EP – што ќе може да се купи и репродуцира од 9 јули – а ја вклучува оригиналната верзија на хитот број еден лансиран во јули 1996 година, ремикс на Џуниор Васкез , претходно нечуено демо на Ванабе и баладата Feed Your Love која ги содржи вокалите на сите пет оригинални членови и е снимена кога биле помлади.

Претходно необјавената песна, ставена на полици во 90-тите години, била напишана од коавторите на „Спајс грлс“ и „Ванабе“, Ричард ‘Биф’ Станард и Мет Роу.

Related posts

Ледениот џин исчезнува – последните месеци на огромната санта мраз А23а, двојно поголема од Лондон

CityLife

Кога е идеалното време за вежбање

CityLife

„Колдплеј“ го пушти новиот сингл Higher Power во вселената

CityLife