Гости на Санремо: По Златан Ибрахимовиќ, Џон Траволта и Боб Синклер, пристигнува и Расел Кроу

O 1904885 1024.jpg

Театарот Аристон во Санремо блеска веќе две вечери. Од 30-те песни и нивните изведувачи во сабота ќе изберат национален претставник на Евровизија во Шведска.

По Златан Ибрахимовиќ, гостин на втората фестивалска вечер, заедно со пејачите Лео Гасман и Џовани Алеви, беше и легендарниот Џон Траволта, кој, според водителот Амадеус, бил поканет затоа што благодарение на неговите улоги во филмовите „Треска во сабота навечер“ , „Пеколниот шунд“ и „Брилијантниот“ тој натера генерации луѓе да танцуваат. Траволта имаше премиера во Санремо пред 19 години, кога, меѓу другото, на сцената и ги масираше стапалата на актерката и водителка Викторија Кабело.

Тој синоќа го изведе танцот Ква Ква пред театарот Аристон за сите посетители кои не можеа да влезат во театарот.

Вечерта во Санремо беше одбележана и со голема забава со ледени светла, ласери и светлосни ефекти на брод за крстарење во пристаништето, на кој Боб Синклер, светски познатиот диџеј, одржа сет.

Вечерва гостин на оваа спектакуларна програма ќе биде Расел Кроу. Се шпекулира дека ќе настапи и како пејач, со својот бенд, а од Австралија пристигнува во Италија каде моментално снима нов филм.

Во петок, кога е време за вечерта на кавери и дуети, сцената на театарот Аристон ќе биде наредена со многу познати гости на конкурентските изведувачи, а таа вечер публиката ќе ужива во обработки на песни како „Lady Marmalade“ од филмот „Мулен Руж“, „Слатки соништа“ на Јуритмикс, „Кој сака да живее вечно“ на Квин, ќе се оддаде и почит на Енио Мориконе…

Во последната саботна вечер, во Санремо ќе пристигне Ѓиљола Чинкуети, која како 16-годишник победи на Санремо со песната „Non ho l’eta“, а потоа настапи на Евровизија во 1964 година и ја донесе на Италија првата победа во тоа натпреварување.

Related posts

Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

CityLife

Евровизија ќе го тестира Дамијано за дрога

CityLife

Како се менува карактерот откако ќе се откажете од пушењето?

CityLife