Главата на роботот „C-3PO“ од „Војна на ѕвездите“ продадена за 843.000 долари

O 1911813 1024.jpg

Главата на роботот „C-3PO“ од приватната колекција на актерот Ентони Даниелс од „Војна на ѕвездите“ е продадена на аукција за 843.750 долари.

Светлечкиот реквизит од филмот од 1983 година беше продаден како дел од колекцијата на Даниелс во Лос Анџелес.

Даниелс, кој глумеше робот во серијата „Војна на ѕвездите“, претходно изјави дека се надева дека овие сувенири „ќе најдат нови домови, каде што обожавателите ќе ги покажат, ќе ги почитуваат и ќе уживаат“, јави агенцијата PA.

Аукциската куќа „Пропстор“ објави дека главата е прикажана во „неколку сцени“ во филмот во режија на Ричард Марканд, за кој сценариото го напишаа Лоренс Касдан и Џорџ Лукас.

Главата е направена од „многу тенки стаклени влакна“ и се состои од три дела, додека очите светат „кога ќе се активира внатрешниот прекинувач“, се вели во соопштението.

Оригиналната цена на артиклот беше меѓу 500.000 и 1 милион долари и имаше осум понуди, но не се знае кој е купувачот.

Аукциската куќа претходно објави дека овој филмски робот е „еден од најпрепознатливите филмски дизајни на сите времиња“ и „еден од најзначајните артефакти од оригиналниот филм „Војна на ѕвездите“ на пазарот.

Related posts

Иман Фенди е решена да го оствари својот сон да биде поп-ѕвезда

CityLife

Овие млечни производи предизвикуваат надуеност и проблеми со варењето

CityLife

Анџелина Џоли повторно „уловена“ како влегува во зградата на првиот сопруг

CityLife