Ги избришала децата од тестаментот оти не ја посетувале, богатството од 2.8 милиони долари го препишала на љубимците !

Maci.jpg

Постара госпоѓа од Шангај, по име Лиу, пред неколку години напишала тестамент со кој своето наследство во вредност од 2.8 милиони долари им го препишала на своите деца. Но, во последните години тие многу ретко ја постувале и контактирале. Пред неколку месеци кога паднала болна, ниту едно од децата не дошло да ја посети. Тоа многу ја налутило, оти овој тежок период го поминала опкружена со своите миленици – мачки и кучиња. Поради тоа решила децата да ги отстрани од тестаментот, а своето богатство да го остави на нејзините домашни љубимци ! Бидејќи во Кина не е легално префлањето на имот и богатство на миленичиња, Лиу решила да го префрли наследството на локална ветеринарна клиника, под услов парите да бидат употребени за грижа за нејзините миленици и нивните можни потомци.

Related posts

Гал Гадот роди трето дете

CityLife

Колку долго варените јајца се безбедни за јадење

CityLife

До кога бебето треба да спие со родителите? Експертите имаат јасна препорака

CityLife