Гал Гадот роди трето дете

Актерката што ја портретира суперхероината во блокбастерот Wonder Woman („Жената чудо!“) и нејзиниот сопруг Јарон Варшано добија ќерка, Даниела. Гордите родители и нивните постари деца, Алма (9) и тригодишната Маја, не може да бидат посреќни.

На својот Инстаграм Гал сподели семејна фотографија на која се појавуваат сите пет члена на нејзиниот клан и напиша: „Моето слатко семејство. Не можам да бидам повеќе благодарна и среќна, сите сме многу возбудени дека ја пречекавме Даниела во нашето семејство. Ви испраќам љубов и ви посакувам добро здравје на сите.“

36-годишната израелска актерка претходно призна дека се чувствувала „како Бог“ кога ги родила своите деца.

Споделувајќи го сопственото искуство со Wonder Woman, таа рече: “Кога ги родив моите две ќерки, знам дека ова звучи необично, но се чувствував како да сум Бог. Кога ги донесов на овој свет, веднаш по породувањето, си реков: „Јас го направив ова! Најдоброто чувство на светот е да станеш мајка и да дадеш живот.“

Related posts

Вакцината против Ковид-19 го намалува ризикот од срцеви заболувања и згрутчување на крвта

CityLife

Бред Пит ќе се појави во една сцена од „Изгубениот град Д“

CityLife

Фановите загрижени за Мадона поради бројните естетски зафати: Мислев дека е вонземјанин

CityLife