Бред Пит ќе се појави во една сцена од „Изгубениот град Д“

41811930 0 image a 32 1618519941029.jpg

Холивудските ѕвезди Бред Пит и Сандра Булок ќе ги видиме како статисти во претстојните меѓусебни филмови.

Оскаровецот накусо ќе се појави во новата трилер-романса „Изгубениот град Д“ со Сандра Булок и Ченинг Тејтум во главните улоги, објави во четвртокот „Холивуд репортер“.

Според истиот извор, неговата улога на статист во филмот на „Парамаунт пикчрс“ доаѓа откако Сандра направи слично во акциониот филм на Бред, Bullet Train.

Откако беше објавено дека таа накусо ќе појави во неговиот филм, Бред сметал дека е фер да го стори истото за некој од нејзините претстојни филмови. Идејата за камео појавување е токму од неа.

Бидејќи Сандра е и продуцент на претстојниот филм на „Парамаунт“, таа видела можност за забавен кастинг, па така, се обратила до својот пријател Бред, кој рекол „да“.

Динамично дуо: Бред Пит (57) и Сандра Булок (56)

Related posts

Истражување: Зошто образите црвенеат по пиење алкохол?

CityLife

Кофеинот може да влијае на дебелината и дијабетесот

CityLife

Нетфликс достигна 260 милиони претплатници

CityLife