Во текот на паузата, Ед Ширан пишувал 25 песни неделно

Ед Ширан откри дека пишувал 25 песни неделно за време на паузата што ја најави по раѓањето на неговата ќерка.

Музичката суперѕвезда (30) реши да ѝ го посвети целото свое време на ќерката Лира, која се роди во септември 2020 година.

Британскиот музичар, автор на повеќе мегахитови меѓу кои Perfect, Thinking Out Loud, Shape of You, откри дека продолжил да работи на нова музика и напишал два албума за време на својот застој.

Весникот „Сан“ го цитира хитмејкерот: „Направив два албума и напишав околу 250 песни, од кои 50 се балади.“

„Јас пишувам околу 25 песни неделно и се надевам дека барем една од нив ќе биде во ред и ќе се најде на списокот записи.“

Весникот пренесува дека добитникот на „Греми“, имал неколку сесии за пишување песни со Сер Елтон Џон.

Инсајдер за весникот изјави: “Ед и Елтон заедно напишаа неколку нови песни. Тие се навистина добри пријатели и беше одлично што може да се поврзат и да работат на нова музика заедно.“

„Песните што ги напишаа се одлични и имаат многу посебно место во срцето на Ед.“

Фановите ќе го слушнат петтиот студиски албум на Ширан – кој најверојатно ќе биде насловен Subtract – подоцна оваа година.

Related posts

Прогласени најпопуларниот цвет и растение за 2024 година

CityLife

Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

CityLife

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

CityLife