Виртуелно доделување на наградите САГ

1.jpg

Годинешното доделување на наградите САГ се одржа виртуелно и беше сведено на едночасовна онлајн церемонија, со претходно снимени обраќања на презентерите и на актерите.

Виола Дејвис, Јун Јух Џунг, Даниел Калуа и покојниот Чадвик Боузмен триумфираа во своите категории.

Наградата за најдобра машка улога во филм му припадна на починатиот актер Чадвик Боузман за неговата последна улога во Ma Rainey’s Black Bottom („Ма Рејни: Mајка на блузот“).

Виола Дејвис ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на џез дива во истиот филм.

Во отсуство на категоријата најдобар филм, беше доделена награда за најдобра актерска екипа во филм.

Па така, актерите на филмовите The Trial of the Chicago 7 („Судењето на седумтемина од Чикаго“) и Ma Rainey’s Black Bottom („Ма Рејни: Mајка на блузот“) триумфираа на церемонијата што се емитуваше во неделата вечерта.

Џилијан Андерсон е прогласена за најдобра актерка во ТВ-серија за улогата воThe Crown („Круната“), а серијата доби и награда за извонреден настап на целокупна екипа во драма.

Награда доби и Ања Тејлор-Џој за улогата во мини серијата The Queen’s Gambit („Дамски гамбит“). Покрај неа, награда освоија и актерите Марк Руфало, Џејсон Судеикис и Џејсон Бејтмен.

Овие награди кои ги доделува американското здружение на ТВ и радиоуметници се сметаат за предвесник на „Оскарите“.

Related posts

Маск: Извршено е првото вградување чип во човечки мозок, пациентот е во добра состојба

CityLife

Запознавање, средби и – ChatGPT: Сопственикот на Тиндер потпишува договор со ОпенАИ

CityLife

Тајната на црните точки на шофершајбната: Мал детал со голема улога што многумина не го знаат

CityLife