(Видео) Објавен првиот трејлер за ТВ-серијата на принцот Хари и Опра

Screenshot 2021 05 17 At 164232.jpg

По вторпат оваа година војводата од Сасекс ќе се појави на екранот со Опра Винфри во долго планираната ТВ-серија за ментално здравје со наслов The Me You Can Not See.

Сега, објавен е првиот трејлер за претстојната документарна серија со многу селебрити личности како гости: Лејди Гага, Глен Клоус, НБА-играчите Демар Дерозан и Ленгстон Галовеј, славната ТВ-водителка Опра, принцот Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс.

Објавен на Јутјуб на 17 мај, во описот на трејлерот се наведува: „The Me You Can Not See е нова доку-серија која зедно ја создадоа Опра Винфри и принцот Хари. Серијата го истражува менталното здравје и емоционалната благосостојба со приказни од луѓе од целиот свет. Со раскажувањето животни стории во својата срж, оваа правовремена серија им дава глас на стории чија цел е да бараат вистина, разбирање и сочувство. Станува збор за луѓе, наши искуства и зошто се чувствуваме како што се чувствуваме.“

Серијата, првпат најавена во април 2019 година, ќе биде премиерно прикажана на Епл ТВ-плус на 21 мај. Не ограничувајќи се на своите гости, Хари и Опра ќе се отворат и за своите сопствени искуства. Војводата, кој на 12-годишна возраст ја изгуби мајка си, Дијана, принцезата од Велс, претходно опиша како минал речиси две децении „не размислувајќи“ за нејзината смрт, пред на крајот да добие помош по период на „тотален хаос“.

Related posts

„Гластонбери“ најавува голем концерт без публика

CityLife

Главата на роботот „C-3PO“ од „Војна на ѕвездите“ продадена за 843.000 долари

CityLife

ЈП Лајка започнува со едукативен караван

CityLife