(Видео) „Брзи и бесни“ се враќаат по 9-ти пат за нови возбудувања

Fastandfurious.jpg

За да ја одбележат скорешнaта премиера  на деветтиот дел на „Брзи и бесни“ под скратен наслов F9 , некои медиуми направија кус осврт на една од најуспешните филмски саги.

Започна како филм за нелегални улични трки, а во киносалите пристигна во јуни 2001 година со малку возбуда.

И, во голема мера благодарение на sвездата Вин Дизел кој го толкува смелиот возач Доминик Торето, „Брзи и бесни“ стана една од најуспешните филмски франшизи на сите времиња, генерирајќи 5,8 милијарди долари додека еволуираше во голема крими сага со сè поизразени акробации и ѕвезди како Шарлиз Терон и Хелен Мирен.

Снимањето на деветтото продолжение се одвиваше помеѓу јуни и ноември 2019 година во Лондон, Лос Анџелес, Единбург, Тајланд и Џорџија.

По неколку одложувања, премиерата во САД е закажана за 25 јуни.

Во новото продолжение, Доминик Торето (Ван Дизел) и неговaта екипа ги здружуваат силите во битката со највештиот атентатор и возач со високи перформанси што некогаш го имаат сретнато – неговиот напуштен брат.

Related posts

Како да ја подобрите меморијата

CityLife

Џејмс Франко со 2,2 милиони долари ја реши тужбата за сексуална злоупотреба

CityLife

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

CityLife