„ВандаВижн“ владее на наградите на Ем-ти-ви за филм и телевизија

20200517 host reuters.jpg

Марвеловата серија на Дизни-плус каналот, WandaVision, доминираше на доделувањето на филмски и телевизиски награди на Ем-ти-ви во неделата, додека Скарлет Јохансон и Саша Барон Коен добија специјални награди за нивниот придонес во филмската индустрија.

Автор на серијата е сценаристот на филмот „Капетан Марвел“, Џек Шефер, а режисер е ТВ-ветеранот Мат Шекмен.

Чадвик Боузмен доби постхумно признание за најдобра изведба во филм за неговиот последен филм, „Ма Рејни: Мајка на блузот“, драма од ерата на џезот. Актерот од „Црн Пантер“ почина во август минатата година на 43-годишна возраст, од рак на дебелото црево

WandaVision, серија на „Дизни плус“ беше избрана за најдобра ТВ-серија на наградите за кои гласаа фановите, додека Елизабет Олсон победи за најдобра изведба на портретирање на главниот лик Ванда.

Related posts

Том Холанд потврди дека е в брак со Зендеја

CityLife

Мадс Микелсен сакал да разговара со Џони Деп за „Фантастични ѕверки“

CityLife

Диња или лубеница – што е поздраво да се јаде?

CityLife