Брус Вилис во нова акциона трилогија „Тврдина“

Unnamed File.jpg

Брус Вилис нема да работи на само еден проект, туку на три, откако го стави својот потпис да глуми во акционата трилогија под наслов The Fortress („Тврдина“).

Вилис (66) ќе глуми заедно со Xеси Меткалф (42) и Чад Мајкл Мареј (39) во трилогијата, заедно со Кели Грејсон, како што наведува „Дедлајн“.

Продукцијата на првиот филм започна изминатиот викенд во Порторико, а студиото „Емет / Фурла филмс“ планира да ги снима првите два филма истовремено.

Еден од двајцата извршни директори на студиото Emmett / Furla Films, Рендал Емет, ја разви приказната со Емил Хирш, а сценаријата ги напиша Алан Хорснеил.

Related posts

(Видео) Анимираната антологија „Љубов, смрт и роботи“ се враќа овој мај

CityLife

Газирана вода го намалува апетитот

CityLife

Сите токсични состојки во една цигара

CityLife