„Брит авордс 2021“: Воведен двоен трофеј за победници

Се сеќавате ли на сите оние говори за награди каде што емотивен победник вели дека сака да ја сподели својата награда со некој друг? Па, британските поп-sвезди следниот месец навистина ќе можат да го сторат тоа.

Специјален „двоен трофеј“ ќе им овозможи на примателите самите тие да наградат некого, односно да ја споделат наградата со друг уметник по нивни избор бидејќи церемонијата во средиште на сцената ги става „актите на добрина“.

Публика од 4,000 гледачи ќе ја следи церемонијата на 11 мај во лондонската „О2 Арена“.

Присутните нема да мора да носат маски за лице или да бидат социјално дистанцирани – но ќе им треба негативен тест за коронавирус како дел од владината пилот-програма за постпандемски настани во живо.

Related posts

Софија Вергара блеска во цветен фустан на интимна вечера со сопругот

CityLife

Шест состојки, пет минути и ќе направите пијалок за оптимално функционирање на цревата

CityLife

Пет намирници кои ги олеснуваат проблемите со синусите

CityLife