Бој Џорџ сè уште трага по актер за биографскиот филм

Image 568.jpg

Фронтменот на „Калчр клаб“, Бој Џорџ, бара актер за да го глуми во новиот музички биографски филм што треба да почне со снимање ова лето.

Британскиот пејач, кој ќе наполни 60 години следната недела, во април на социјалните мрежи објави кастинг-повик за филмот „Карма камелеон“, насловен по еден од хитовите на бендот во 1980-тите.

Џорџ, чие вистинско име е Џорџ О’Дауд, во интервју за „Ројтерс“ говореше за потрагата по актер кој ќе го потретира него во претстојниот документарец, за неговиот роденден и за издавање нова музика.

На прашањето како се чувствува сега, кога треба да наполни 60 години, Бој Џорџ одговори: „Се чини интересно! Jaс чувствувам слобода што доаѓа во овој момент од мојот живот и не знам дали тоа е поврзано со мојата возраст или поради одредени работи.“

Related posts

Вонредна состојба во Нијагарините водопади поради целосното затемнување на Сонцето

CityLife

Кендал Џенер зрачи со софистицираност

CityLife

Емилио, најстариот маж на светот: Имам само 112 години

CityLife