Били Ајлиш ја краси насловната на „Вог“ и ја истакнува позитивноста на телото

19-годишната мегаѕвезда го лансира својот нов изглед на насловната страница на британски „Вог“ –  за кој позира во корсет и здолниште во стил на долна облека.

Познатата хитмејкерка вели дека почнала да носи широка облека поради несигурноста за нејзиното тело, што било првична причина за депресија кога била помлада.

Таа открива: „Бев навистина навредена кога луѓето коментираа: Добро е за неа што се чувствува пријатно во нејзината голема кожа.“

Добитничката на „Греми“ инсистира на тоа дека жените треба да се чувствуваат моќно без оглед дали ја покажуваат својата кожа или го кријат телото зад преголема облека.

А во врска со носење корсет додека ја промовира позитивноста на телото, таа рече: „Моја работа е да можам да правам што сакам.“

„Сè е во она што прави да се чувствувате добро. Ако сакате да се оперирате, одете оперирајте се. Ако сакате да носите фустан за кој некој мисли дека изгледате преголема … ако се чувствувате добро, изгледате добро.“

Related posts

Првиот проект на принцот Хари и Меган за „Нетфликс“ ќе биде за игрите Инвиктус

CityLife

„Марвел“ развива нова серија, Крис Еванс се враќа во улогата на Капетан Америка

CityLife

Хелен Мирен го промовира „Брзи и бесни 9“

CityLife