Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра

O 32387363 1280.jpg

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ – Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра, бидејќи има многу поединци и организации на кои им требаат тие пари повеќе.

Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ… Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб.

Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.  

Related posts

Хорор филмовите се добри за вашето здравје

CityLife

Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

CityLife

Ѓоковиќ го продаде луксузниот стан во Мајами за шест милиони долари

CityLife