„Барби“, „Прасето Пепа“, „Мојот мал пони“ опасни за деца, тврди кинсеко надзорно тело

Популарните цртани серии како Barbie, Peppa Pig и  My Little Pony се на удар на критики во Кина, откако родителите се пожалија до надзорното тело за заштита на правата на потрошувачите дека содржат неприкладно однесување.

Советот на потрошувачи во Џиангсу во источна Кина објави список со 20 серии цртани филмови за кои тврди дека содржат однесување и јазик несоодветни за деца. Членовите на Советот ги гледале овие серии и разговарале со родители.

Осум од сериите се од странство, вклучувајќи ja британскaта Peppa Pig и две американски Barbie Dreamhouse Adntures и My Little Pony, со уште пет други од Јапонија, меѓу нив е Detective Conan, според Советот, кој всушност е организација поддржана од кинеска влада и формирана со цел да ги заштити правата на потрошувачите.

Во еден пример на сцена опишана како опасна во Peppa Pig, ликот „Деди пиг“ ја отвора вратата од авион и паѓа од него.

Во сцена од цртаниот филм „Моето мало пони“, лик се потопува во лава.

Во „Авантурите на Барби дримхаус“ има сцени на ликови кои висат од хеликоптер или кошаркарски обрач, газат врз некого или паѓаат од таванот, според извештајот на надзорното тело.

Related posts

Биг Бен слета во Манчестер за меѓународен уметнички фестивал

CityLife

Федерални агенти упаднаа во две куќи на Диди

CityLife

Диетата 16:8 значително го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања, тврди нова студија

CityLife