Ања Тејлор-Џој го пронајде својот шах-мат! Ѕвездата на „Дамски гамбит“ ужива во романса со Малком Мекре

1621378383 3dygf.jpg

Таа се подготвува првпат да биде гостин-домаќин на култната шоу програма Saturday Night Life („Сабота навечер во живо“) овој викенд.

И тоа не е единствената нова работа во животот на Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата „Дамски гамбит“ каде што глуми харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите.

25-годишната актерка беше забележана во прегратка на згодниот музичар Малком Мекре во Њујорк неколку дена пред емисијата „Сабота навечер во живо“.

На фотографиите до кои дојде „Пејџ сикс“ во понеделникот, двајцата се држат за раце и се бакнуваат во текот на прошетката во Њујорк

Во хит-серијата на Нетфликс, „Дамски гамбит“, насловена по потег во шахот, Ања перфектно ја портретира Бет Хармон, шаховски чудо – сираче. Приказната го следи нејзиниот живот и привлече големо внимание по тоа што во преден план става женски играч, реткост во светот на натпреварувачкиот шах.

Related posts

Прекинато снимањето на воената драма на Том Хенкс и Стивен Спилберг

CityLife

Зошто чукаме во дрво?

CityLife

Бијело Дугме ќе прослави пола век постоење со концерти: Славеничката турнеја започнува во Сараево на 11 мај

CityLife