Ангелите паднаа! „Викторијас сикрет“ ја менува стратегијата на супермодели облечени во долна облека

27caa8fd276d29c1260cb12b3e5d3822.jpg

Victoria’s Secret ги претстави своите нови портпаролки, меѓу кои се индиската актерка Пријанка Чопра Џонас и американската фудбалерка Меган Рапиное, која исто така е заговарач за правата на ЛГБТ-заедницата.

Пријанка (38) Меган (35), се придружуваат на списокот со други „водечки икони“ кои се регрутирани да ја обликуваат иднината на брендот согласно неговата заложба за диверзитет, објави во средата „Пејџ сикс“.

Порталот цитира анонимен извор кој пренесува дека „жените повеќе нема да позираат во долна облека, туку наместо тоа, ќе се појавуваат на подкаст и во маркетинг-материјали за брендот“.

Традиционално, брендот беше промовиран од список супермодели од висок профил, со оние кои согласно договорот со брендот беа познати како „Ангели“ на Викторија.

 

Запрашан дали „Ангелите“ ќе се вратат некогаш, извршниот директор на брендот Мартин Вотерс рече: „Во моментов, не гледам дека е релевантно од културна гледна точка“.

Вотерс, кој беше назначен за извршен директор во февруари, за „Њујорк тајмс“ изјави дека модниот бренд за долна облека „треба да престане да биде она што сакаат мажите и, наместо тоа, да се знимава со она што сакаат жените.

„Знаев дека треба да го менуваме овој бренд подолго време, едноставно немавме контрола врз компанијата за да можеме да го направиме тоа,“ додаде тој.

Related posts

Кардиолог тврди дека една диета предизвикува таложење на наслаги во артериите

CityLife

Нутриционистите откриваат што треба да пијат децата

CityLife

Синот на руски милијардер му помогнал на таткото да го сокрие богатството во најскапиот развод во Британија

CityLife