Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

20260317081007 big 730x400 36.webp.webp

Војниците од 9. баталјон на инженерската бригада во базата Форт Стјуарт од американската армија во Џорџија ќе добијат четиридневно отсуство и можност за играње на долгоочекуваната игра „ГТА 6“ доколку го продолжат воениот рок од 1 август до 14 ноември. Со договорот тие се обврзуваат да служат уште најмалку две години во армијата.

– Според потпишаниот меморандум четиридневното отсуство ќе започне во согласност со официјалниот датум на објавување на „ГТА 6“, соопшти потполковникот Рајан Хоџсон.

Целта на персоналот е мотивирање на војниците да ја продолжат службата во армијата најмногу до шест години, при што од вкупно 130 војници само 20 го прифатиле предизвикот.

„ГТА 6“е едно од најочекуваните изданија во „гејминг“ индустријата, а ќе биде достапна од 19 ноември на „Иксбокс и Плејстејшн“. 

Related posts

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми

CityLife

Стримувани филмови ќе може да се натпреваруваат за „Оскар“ и следната година

CityLife

Дневен хороскоп за 20 април 2026 година

CityLife