Американец тужи лотарија, по грешка ги објавиле неговите броеви за добивка од 340 милиони долари

Loto 1024x683 1.jpg

Американец кој мислел дека освоил „џекпот“ од 340 милиони долари, ја тужи лотаријата „Пауербол“ во САД, којашто по грешка ги објавила неговите броеви.

Џон Чикс од главниот град Вашингтон тврди дека бил „зачуден“ кога видел дека победничките броеви за јануари 2023 година се совпаѓаат со оние од неговиот лоз. Но, кога го однел ливчето до Канцеларијата за лотарија и игри, неговото побарување било одбиено.

– Вработениот одговорен за исплати ми рече дека мојот лоз е неважечки и дека можам само да го фрлам в канта, изјави Чикс за Би-би-си.

Забуната настанала поради „техничка грешка“, според надлежните. Имено, дента кога лозот е купен во тек биле тестови на интернет-страницата на „Пауербол“, па таму „случајно“ била објавена низата „тест-броеви“ коишто се совпаѓале со оние на Чикс.

Меѓутоа, „несреќниот добитник“ го задржал лозот и најмил адвокат. Сега тој ја тужи лотаријата и бара отштета од 340 милиони долари – токму онолку колку што верувал дека добил по лажното известување. 

Related posts

Совршен пилинг со мед и шеќер за свежа и мека кожа

CityLife

Само еден хороскопски знак може да се согласи со сите

CityLife

Стримувани филмови ќе може да се натпреваруваат за „Оскар“ и следната година

CityLife