Австралиецот не се предава! Објави нови фотографии како доказ на својата теза дека е син на Чарлс и Камилa

Simon 4 1.jpg

Сајмон Доранте-Деј е посвоен во Австралија, а семејството што го посвоило било во роднинска врска со кралското семејство. Роден е во април 1966 година и тврди дека е потомок на кралската линија, што сака и да докаже.

Тој веќе со години тврди дека е вонбрачен син на принцот Чарлс и Камила, и е убеден дека принцот имал 17 години, а Камила една година постара кога бил зачнат.

„Камила е твоја мајка, тоа е несомнено. Ако ставиш перика и се нашминкаш, мислам дека никој не би ја забележал разликата,“ гласи еден од коментарите за поддршка.

Дедото и бабата на семејството во кое бил посвоен биле вработени како градинар и готвачка за кралицата Елизабета и принцот Филип.

Сајмон веќе објави фотографии со сличностите, па дури ги замоли Чарлс и Камила да направат ДНК-тест за да ги докаже своите тврдења:Процесите во семејниот суд во Австралија не можат да бидат објавени во медиумите, затоа моите постапки не беа јавни.

„Вистината ќе се дознаеше доколку принцезата Дијана не почина во 1997 година затоа што таа знаеше за моето постоење,“ вели тој и додва дека луѓето постојано го препознаваат, иако не знаат од каде. „Го прошетав светот и луѓето секогаш ме запираат и ми велат: Ми изгледаш многу познат, иако не можам да сфатам зошто.“

Related posts

Среброто станува се поскапо, може да го надмине златото и да го достигне највисокото ниво во последните 10 години

CityLife

Доктор откри како можете да се ослободите од стресот за само 30 секунди

CityLife

Тејлор Свифт испрати подароци на медицинска сестра: Инспирирана сум од твојата страст за помагање

CityLife