X мрежа: Исчезнуваат опциите за „лајкување“ и коментирање на кориснички објави

X.webp.webp

Илон Маск одлучи да направи уште една голема промена кога е во прашање социјалната мрежа X. Сега неговата идеја е да ја „исчисти“ насловната страница на платформата од вишок функции, односно копчиња за „лајкување“, коментирање и повторно објавување на постоечките содржини на неговиот профил.

Бидејќи промената е радикална, многу корисници се надеваа дека станува збор за дезинформација. Меѓутоа, под објавата споделена од профилот @DogeDesigner, Маск едноставно коментираше: „Ова дефинитивно се случува“, ставајќи крај на шпекулациите дека станува збор за лажна тревога.
Како ќе изгледа новиот X?

Новиот изглед на X платформата ќе биде прилично поедноставен, односно „чист“. Наместо копчињата на кои се толку навикнати сите корисници, X ќе ја имплементира функцијата „swiping“, односно лизгање налево или надесно, во зависност од дејството што корисниците сакаат да го преземат.

Во иднина, лизгањето надесно ќе се користи за одговарање или коментирање на објава, додека за да оставите „лајк“ ќе треба да поминете налево. За други дејства ќе биде доволно само да кликнете на објавата и да го држите прстот подолго на екранот, потврди Маск.

Бидејќи таквата промена несомнено ќе доведе до конфузија на корисниците и ќе бара промена во нивните вообичаени навики, кои се условени од таканаречената мускулна меморија, овој потег на Маск потенцијално може да му наштети на Х. Со оваа претпоставка се согласуваат и експертите на социјалните мрежи и маркетерите.

Тие стравуваат дека имплементацијата на таквата промена може драстично да влијае на корисниците и нивната интеракција со објавите прикажани на фидот. Така, објавите ќе добиваат помалку лајкови и коментари бидејќи на корисниците ќе им биде тешко да се прилагодат на новиот начин на интеракција со содржината што се прикажува.

Related posts

Се вратил од одмор и дознал дека „починал“: Сега се бори со бирократијата да докаже дека е жив

CityLife

„Реплек АД“ продолжува со амбициозниот развој – преземени ексклузивните права за маркетинг и дистрибуција на познатиот британски бренд HealthAid Limited UK за Адрија регионот

CityLife

Еве зошто треба да пиете чаша вода по будењето

CityLife